Штетни последици од поместувањето на часовникот
Часовниците викендов се префрлија од зимско на летно сметање на времето. Но, последниве неколку години сѐ поголем број лекари се против тоа „поместување на стрелките“…
Се верува дека тоа е причина за своевидно нарушување на спиењето и предизвикува тн. социјална нерамнотежа во спиењето. Оваа појава се јавува како последица на десинхронизација на внатрешниот и надворешниот ритам на будност и сон. Притоа луѓето обично имаат несоница, прекумерна поспаност или и двете, што обично завршува откако „внатрешниот часовник“ ќе се прилагоди, т.е. „ќе се ресетира”.
Истражувањата покажаа дека „социјалната нерамнотежа во спиењето“ предизвикува дијабетес, ја зголемува и опасноста од срцеви заболувања и мозочен удар, го влошува расположението, вклучително и на можна депресија и негативно влијае на дигестивниот и ендокриниот систем. Според стручњаците, тоа може дури и да го намали животниот век.
„Доказите го поддржуваат усвојувањето стандарден систем за времето во целата година што се усогласува со деноноќниот ритам на луѓето и обезбедува здравствени придобивки“, се вели во извештајот на Американската академија за медицина на спиењето.
Поради овие последици, оваа институција ја повика Владата на САД да го откаже менувањето на времето. Сенатот го усвои овој предлог во март 2022 година, но Претставничкиот дом ја поништи таа одлука.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Има докази зошто Груби е во домашен, наместо во затворски притвор
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски
-

Македонија ја има хрватската поддршка за ЕУ
-

Дуел Мицкоски-Филипче на пратенички прашања
-

Гаши не го коментира Груби – партиите меѓусебно се обвинуваат
-

Вајц: Македонија да го искористи позитивниот момент за проширување на ЕУ, итно се потребни уставни измени
-

Најавен со билборди, пречекан со црвен тепих: Посетата на Бегај почна од Чаир
-

Во Кривичен суд пристигнале 476 приговори за „Сејф Сити“
