Штип го расчисти долгот за бесплатен превоз на учениците
Штипските училишта не должат ниту денар за бесплатниот превоз на учениците. Билјана Казанџиска, раководител на Секторот за јавни дејности, ЛЕР и образование во општина Штип вели дека последниот долг кон превозниците, од околу шест милиони денари, го платиле на крајот од минатата година.
– Во 2017 година од претходната власт наследивме долг од 19 милиони денари или 300.000 евра. Успеавме долгот да го анулираме и на сите превозници на кои со години не им се плаќани обврските да ги подмириме. Училиштата сега ги плаќаат само тековните сметки за превоз на ученици, вели Казанџиска.
Со штедење, но и со добивање на повисоките блок дотации, општината го надмина овој голем проблем. Имено, заврши и тендерската постапка за набавка на нафта за греење за општинските институции. Околу 600.000 евра ќе чинат 543 тони нафта за затоплување и на општинската зграда, мултумедијалниот центар „Киро Глигоров“, четирите средни, петте основни и подрачните училишта.
Ново на Сител
-
Нова истрага за криминал во РЕК Битола
-
Љупчо Палевски преку Минск планирал да избега во Русија
-
Пандов - Затворски полицајци со валкани значки ќе бидат зад решетки
-
Следната недела ќе се носат мерки за намалување на цените
-
Традиционално закројување на лозје во винаријата Монтеко – Кратово
-
Валентајн: Празник на љубовта или потсетник на осаменоста?
-
СДСМ не дава поддршка за промена на државниот грб
-
Таравари: Етничките прашања можат да се решат во пакет со химната и државниот грб