Штипскиот државен студентски и ученички дом прослави 50 години постоење
Државниот студентски и ученички дом „Браќа Миладиновци“-Штип денеска прослави 50 години од постоењето како ученички и десет години како државен студентски дом.
Директорката на ДСУД „Браќа Миладиновци“-Штип Тања Павлова-Тасевска, вели дека со помош на Владата и Министерството за образование во зиманинатите 10 години реализирани се низа на проекти, со цел учениците и студентите кои се сместени во домот да имаат нормални услови за сместување и исхрана.
- Имаме направено едно 20 проекти, меѓу кои реновирање на домот, реконструкција на кујната, каде што имаме комплетно нов одвод со нови елементи. Имаме направено премин од едната во другата зграда. Комплетно ни се реновирани тоалетите, реновирање на старата бања и нејзина пренамена во гостински соби, каде што престојуваат професори и студенти, потоа имаме комплетно средување на подот, заменети се и прозорците каде што престојуваат студентите и поставивме и сончеви колектори, вели Павлова-Тасевска.
Во ДСУД „Браќа Миладиновци“-Штип сместени се 240 средношколци и студенти од кои 50 се студенти, а 187 се средношколци од општините од источниот регион, кои се зпаишани во регионалните средни училишта во Штип. Директорката Павлова-Тасевска вели дека имаат изработено проект за проширување на домот со дополнителни 100 легла, што е доставен до министерството за образаование и од таму очекуваат негово одобрување. Смета дека овој дом треба да се прошири, бидејќи интересот за сместување во него е голем како од страна на учениците, така и од страна на студенти и професорите кои доаѓаат да студираат или предаваат на универзитетот „Гоце Делчев“-Штип.
Ново на Сител
-
Утре без струја дел од Аеродром и Карпош, без вода дел од општините Центар и Кисела Вода
-
Трамп се закани со дополнителни царини за Кина ако таа не ги повлече најавените возвратни мерки против САД
-
Прва психолошка помош со Васка Митова, специјалист психијатар од клиниката за психијатрија
-
Ѓорчевски: Во моментот кога го одземаа животот на Вања, го одземаа и мојот
-
Кривична за скопјанец кој го тепал својот син и сакал да го исфрли од нивниот дом
-
Две лица од кривопаланечко го убиле својот сосед, го запалиле телото и ги закопале остатоците
-
Од 3,5 на 2 години намалена казната затвор за Пајазити за прегазувањето на 22-годишната Теодора
-
Таткото на Вања: Полицајци ме правеа ретардиран, ме убедуваа се регрутирала во ИСИС заминала за Шведска