Штипските пожарникари за девет дена имале 23 интервенции
Штипските пожарникари од Нова Година до денеска имале вкупно 23 пожари. Командирот на ТППЕ-Штип, Тони Атанасов вели дека во просек имале по три интервенции на ден, што за овој период е голем процент.
– Најголем дел од интервенциите се на запалени оџаци, поради ниските температури, домаќинствата повеќе го користат огревно дрво, но поради неисчистените оџаци доаѓа до запалување на саѓите. Затоа граѓаните треба навреме да си ги чистат оџаците. Исто така деновиве имаме и интервенции на запалени контејнери и седум пожари на сува трева, стрништа, од кои едната дојава е и лажна, вели Атанасов.
Тој посочи дека лажниот повик бил за запалена сува трева во селото Сушево, каде што пожарникарите морале да отидат со возило и целосна опрема.
– Апелирам да не се злоупотребува телефонскиот број 193, бидејќи на пожарникарите на пример до Сушево и назад им требаат триесетина минути,а може да се случи во тоа време и да имаме навистина пожар во градот или во некое друго населено место, вели Атанасов.
Командирот на ТППЕ-Штип бара надлежните инспектори да излезат на терен, кога имаат дојави за запалена сува трева или стрништа.
Ново на Сител
-
ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“
-
Во прекин сообраќајот на патот Радовиш-Штип поради сообраќајка
-
Косовското МНР потврди дека на директорот на српската Канцеларија за Косово му е забранет влезот во Косово за Велигден
-
За Велигден претежно сончево и потопло време
-
Тепачка во Чаир - 5 лица повредени
-
Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг
-
Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз
-
Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата