Македонија
21. September 2023 - 16:32

Штрајкот на судската администрација го одложи рочиштето за Пендиков

Повторно се одложи судскиот процес Спасески-Пендиков поради штрајк на судската администрација пред основниот суд за ниски плати. Во судницата беа присутни и оштетениот Христијан и првообвинетиот Илија.

Адвокатот на обвинетиот Спасески Димитрија Цобоски подвлече дека расправата не може да се одржи поради протестот а се работи, за предмет што не спаѓа во групата што би се работеле и во вакви услови.

На следното рочиште, на обвинителна клупа ќе седне и 23-годишниот битолчанец Борче Ангелев како второобвинет за кривичното дело „нанесување на тешки телесни повреди.

Адвокатот Стефан Камишевски, рече дека Пендиков ќе се појавувал на секое следно рочиште бидејќи  се чуствувал одлично иако, целосно не бил заздравен.

Следното судско рочиште е закажано за 26 октомври.

Инцидентот со Христијан Пендиков се случи на 19 јануари во угостителски објект на Кејот на езерото во Охрид.