Штробл: Да се размисли за протерување на заболени бегалци од Германија

Заменик претседателот на владејачката германска Демохристијанска унија (ЦДУ) Томас Штробл за можно го смета депортирањето бегалци, кои имаат некакви заболувања.
Овој свој став тој го изнесе во интервјуто, што денеска е објавено во весникот „Велт“, а е цитирано од ТАСС.
„Не треба да се депортираат граѓани, кои се нетранспортабилни. Но треба да бидеме чесни: доколку некој, и покрај своето заболување, ја минал балканската маршрута или сложениот пат преку Средоземно Море, а ние од своја страна потоа сме решиле дека не може да остане кај нас, најмалку што може да помислиме е дали може за неколку часа да го вратиме назад со авион, рече политичарот од партијата на канцеларката Ангела Меркел.
Според сегашната пракса, странците на кои им завршува одобрение за престој во земјата, можат да добијат документи за пролонгирање на депортирањето поради болест.
Миграциската политика ќе биде една од главните спорни точки на конгресот на ЦДУ, што почнува денеска, а на кој се претпостваува дека Меркел ќе биде реизбрана за партиски лидер.
Ново на Сител
-

Златни денови Кратово 2026
-

Саботна средба за Изборниот Законик
-

Тема на денот со Игор Ивановски, професор
-

Златни денови Кратово 2026
-

Два случаи на Западнонилска треска потврдени на инфективната клиника
-

Саботна средба за Изборниот законик
-

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство по две години на власт
-

Кој ќе биде нов секретар за државно владеење
