Шукова: Пречистителната станица во Југохром мора да биде во функција, трошоците за нејзино функционирање ги покриваме од Буџетот
Пречистителната станица од тетовската фабрика Југохром мора да биде во функција, а трошоците за нејзино функционирање ќе се покријат од Буџетот. Ова денеска го најави министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова по средба со вработените на пречистителната станица за намалување на загадувањето со шествалентен хром во Југохром Алзар ДООЕЛ Јегуновце, фабрика која е во стечај.
Состанокот беше инициран од страна на вработените од Југохром – во стечај, заради проблеми со исплатата на месечните приходи, побарување на дополнителни средства за дежурства во неработните денови, како и обезбедување дополнителна заштитна опрема.-Пречистителната станица е објект под сопственост на Југохром Алзар ДООЕЛ Јегуновце, а луѓето што се грижат за нејзиното функционирање се вработени во компанијата. Од причина што оваа инсталација моментално е под стечај и не работи, а прочистувањето на водите што се излеваат од депонијата е од витално значење за заштитата на животната средина и подземните води од шестовалентниот хром, Министерството за животна средина и просторно планирање ја презема обврската да ги плаќа надоместоците за месечните плати на луѓето што оперираат со пречистителната станица, како и за хемикалиите кои треба да се набавуваат односно трошоците за одржување на пречистителната станица, порача Шукова.На состанокот mинистерката информираше дека за барањата на вработените веќе е разговарано со стечајниот управител и истите ќе бидат исполнети со новиот Договор што ќе го потпише Министерството со стечајниот управител. Така ќе се обезбеди редовно исплаќање на платите, а решен е проблемот со здравственото осигурување.-Министерството ќе направен напор да ја обезбеди заштитната опрема за вработените. Свесни за важноста на работата на пречистителната станица, останува да се следи состојбата со стечајната постапка, од која ќе зависи иднината на вработени, порача Шукова.
Ново на Сител
-
Македонските компании не знаат за ЕУ стандардите
-
Преглед на вестите од светот
-
Производителите на пченица бараат повисоки откупни цени – откупувачите не даваат
-
Тема на денот со Горан Благоев, верски аналитичар и историчар од Софија
-
Коце Трајановски нов директор на Државни патишта, СДСМ критикува
-
Чибишев и поднел пријава на Бесија Иљази зошто незаконски им исплатила 650.000 денари на договорците
-
Судскиот совет има напредок, но и уште многу работа - Реакции на меѓународната заедница
-
Радев: Мицкоски нема познавање од меѓународно и уставно право