-->
-->
Шумски пожар на грчкиот остров Самос
-->
Голем шумски пожар е активен од вчера на грчкиот остров Самос, а противпожарните сили се зајакнуваат со пожарникари и возила од Атина, јави дописничката на МИА од Атина.
Според локалните медиуми, по битката со огнените јазици во текот на ноќта, ситуацијата денеска е подобра, а активни се три жаришта.
Интервенираат 85 пожарникари со седум пешадиски тима, 17 возила, пет авиони (четири канадери и Бериев), шест хеликоптери, а од Атина, со брод, на островот пристигнуваат 52 пожарникари со 22 возила.
Вчера, превентивно беа евакуирани два хотели и три куќи, а доцна синоќа до жителите на пет села беше испратена и порака од Секретаријатот за цивилна заштита преку бројот за итни случаи 112.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со министерката за образование и наука, Весна Јаневска
-

САД ке ја предводи истрагата за инцидентот на „Рајанер“ што се случи на македонското небо
-

Власта и опозицијата се обвинуваат кој не сака нов Изборен законик
-

Утре во Собрание владината реконструкција
-

Владината кошничка ќе биде усвоена следната недела на ЕСС
-

Високите температури го зголемија ризикот од труење со храна - на инфективна секојдневно имаат пациенти
-

За 30% зголемен бројот на повици во Итната помош Прилеп, недостасува кадар од сите профили
-

Овчата сипаница го пустоши сточниот фонд
