-->
-->
Швајцарско полуфинале во Лондон
-->

Стан Вавринка ќе му биде противник на сонародникот Роџер Федерер во полуфиналето на завршниот Мастерс во Лондон.
Во последниот меч од групата „Илие Настасе“, Вавринка за нешто помалку од два часа игра го совлада Енди Мари со 7:6 (7:4), 6:4.
Полуфиналниот дуел на двајцата Швајцарци ќе биде реприза на нивната минатогодишна пресметка, исто така во полуфиналето, на завршниот Мастерс. Тој дуел остана во сенка на вербалниот судир на Вавринка со сопругата на Федерер Мирка.
Имено таа на Вавринка му дофрли дека е плачко, максимално го испровоцира, а нејзиниот сопруг тоа г искористо успеа да спаси четири меч топки, а потоа и да триумфира.
Втората полуфинална двојка ја формираа бранителот на титулата Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал. Србинот и Шпанецот, во Лондон, же го одиграат 46-от меѓусебен дуел, Надал има една победа повеќе.
Полуфиналните мечеви ќе се одиграат в сабота, од 15 часот на теренот ќе излезат Ѓоковиќ и Надал, а швајцарската пресметка Федерер-Вавринка ќе започне во 21 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Брод со мигранти потона кај Грција, 25 лица се водат како исчезнати
-

Цената на нафтата над сто долари за барел поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток
-

Трамп: САД би можеле да останат во Иран и да ја задржат нафтата, како во Венецуела
-

Мицкоски во посета на Граничниот премин Табановце
-

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани
-

Сончево со мала до умерена облачност и ветер
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
