Шведскиот суд го поддржа налогот за апсење на Асанж
Апелацискиот суд во Стокхолм денеска го поддржа налогот за апсење на основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж и воедно го отфрли неговото барање налогот да биде укинат, со што е продолжен шестгодишниот судски спор.
За Асанж (45) шведските власти во 2010 година издадоа налог за апсење со цел да го изршат распит во врска со обвиненијата дека извршил силување, кои тој ги негира.
Засега не се знае дали Асанж ќе се жали и на одлуката на шведскиот Врховен суд.
- Апелацискиот суд ја дели оцената со Окружниот суд дека Џулијан Асанж е осомничен за веројатниот случај на силување, соопшти денеска судот.
Асанж кон почетокот на август поднесе жалба на одлуката на Окружниот суд во Стокхолм, кој го потврди налогот за негово апсење поради наводните кривични дела за силување и сексуално вознемирување, пренесува Танјуг.
Ново на Сител
-
Кисела Вода ги дигитализира услугите
-
Управниот суд одлучува по решенијата на ДИК
-
Османи во Стразбур лобираше за Косово
-
Првиот македонски зачин доаѓа од мермерните градини во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Јанаки Митровски, адвокат
-
Се крои владината коалиција со Вреди - ВМРО-ДПМНЕ веќе сама обезбеди 61 пратеник