Швјонтек се искачи на второто место во историјата по успешност на „Ролан Гарос“
Светскиот рекет број еден Ига Швјонтек (Полска) се пласираше во четвртфиналето на „Ролан Гарос“, откако нејзината ривалка во осминафиналето, Лесија Цуренко (Украина) го предаде мечот при 1:5 во првиот сет. Швјонтек четврти пат по ред стигна до четвртфиналето во Париз. Таа само петти пат игра на главниот турнир. Последната тенисерка со четири четвртфиналиња во првите пет настапи на Грен слемот во Париз беше Моника Селеш во средината на 1990-тите.
Полската тенисерка има победи на 92,6 отсто на своите натпревари на Ролан Гарос. Само Маргарет Корт има подобра стапка на победи во Париз со 95,2%.
Покрај тоа, Швјонетк ја освои својата 60-та победа на ниво на главната турнеја на земјена подлога, откако одигра само 69 натпревари. Вакво достигнување побрзо го постигнале само Моника Селеш (63) и Крис Еверт (66).
Следниот меч на „Ролан Гарос“ Швјонтек ќе го игра со Коко Гауф, која минатата година ја победи во финалето.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива