Си-Ен-Ен: Се спасуваат заболени од Ковид-19 доколку лежат на стомак

Американски лекари откриле дека доколку заболени од коронавирус лежат на стомак, тоа може да им го спаси животот, јави Си-Ен-Ен, додавајќи дека со тоа количината на кислород во белите дробови на пациентите се зголемува.
– Така спасуваме животи, 100 отсто. Тоа е толку лесно да се направи и видовме огромно подобрување кај пациентите, вели д-р Мангала Наришман, директор на одделение за тешко болни во мрежата за здравствена нега „Northwell Health“, мрежа од 23 болници во Њујорк.
Како што објаснува Си-Ен-Ен, пациентите кои се заразени со коронавирусот, често умираат од синдром на Акутен респираторен дистрес синдорм (АРДС), што е предизвикано од оштетување на белодробниот паренхим.
Од тој синдром умираат луѓе кои имаат грип, пневмонија.
Пред седум години, француски лекари објавија статија во која се нагласува дека пациентите со АРДС кои биле на респиратори, имаат помала веројатност да починат ако се свртат на стомак.
Си-Ен-Ен наведува дека американските лекари на тој начин спасиле пациент на Лонг Ајленд – во таа положба кај пациентот стапката на заситеност со кислород се зголемила од 85 на 98 проценти.
Пациентите обично остануваат да лежат така околу 16 часа на ден, а остатокот од времето лежат на грб.
Ново на Сител
-

Два умерени земјотреса регистрирани во северозападна Кина
-

Трамп: Ако не успее договорот, Иран повторно ќе биде бомбардиран
-

Повторно пукано врз Конзулатот на САД во Торонто
-

На ГП „Богородица“ се чека околу 15 минути
-

Денес сончево со локална облачност
-

Илон Маск: УСАИД беше политичка организација, никој не умре што ѝ ги скративме парите
-

Ги тепале сопствените мајки: 34-годишник бидејќи не му дала пари, 24-годишник ја влечел заглавена за врата од кола
-

Иран повторно ѝ се закани на Бугарија поради американските авиони
