Сијарто: Политиката на ЕУ во 2015 година е ритуално самоубиство
Во текот на годинава стана јасно дека Европа не е во состојба да пружи вистински одговор на предизвиците со кои се соочува, бидејќи нејзината политика беше „политика на ритуално самоубиство, изјави шефот на унгарската диплоамтија Петер Сијарто.
Тој, во обраќањето пред Одборот за надворешни работи на унгарскиот Парламент, додаде дека политиката на Европа била „пријатна за око, но штетна“ бидејќи ја загрозила безбедноста и иднината на континентот.
- Европа во моментот се соочува со пет предизвици - несатбилност на исток, незабележано ниво на настабилност на југ, што предизвика огромен миграциски бран, константна закана од тероризам, недостиг на напредок во гарантирањето на енергетската безбедност и постојани економски предизвици, посочи Сијарто.
Унгарскиот министер за надворешни работи наведе и дека Европа многу изгубила на полето на глобалната економија и дека институциите на Европската унија го блокираат понатамошното проширување, иако неколку држави, меѓу кои и Унгарија, сметаат дека тоа е начин за зајакнување на европската заедница.
- Бесмислено е да се полемизира дека приливот на мигранти во Европа ја зголемува заканата од тероризам, кога европските претставници не знаат кои се мигрантите и со која цел доаѓаат во Европа, истакна Сијарто, додавајќи оти сите мигранти не се терористи, но оти миграцискиот бран им пружи на терористичките организации можност да влезат во ЕУ.
Ново на Сител
-
Клиентите на Халк Банка АД Скопје цел на лажна кампања за прибирање на броеви на картици и лични податоци
-
Му се заканиле ставајќи му моторна пила под вратот - дрвокрадци нападнале шумски полицајци во Велес
-
Судот му го одзеде пасошот на Јован Деспотовски по прифатените мерки на претпазливост
-
ЈО: Деспотовски под истрага за злоупотреба на службената положба, предложено да му се одземе пасошот
-
Деспотовски: Неточни се информациите дека сум приведен
-
Кирјос: Допинг случаите со Синер и Швионтек се страшни за тенисот
-
Лице барано по судска наредба со соучесник физички нападнале полициски службеници - следува пријава
-
Путин изразил сочувство и му се извинил на Алиев за падот на азербејџанскиот авион кај Актау