Фудбал
26. јуни 2020 - 15:48

Силекс ќе игра во Лигата на шампиони

По вчерашната информација од комисијата за лиценцирање, денеска УО на ФФМ донесе одлука ФК Силекс од Кратово како второпласиран тим во првенството да ја претставува Македонија во квалификациите за Лигата на шампионите. 

Во Лига Европа се пласираа екипите на Шкендија, Ренова и Шкупи кој има ист број бодови со Македонија ЃП но подобра гол разлика. Вардар беше лидер, но поради финансиски проблеми нема да игра во елитата. Нивното место ќе го добие кратовски Силекс, кој ќе има и добра финансиска заработка од настапите во еврокуповите.
 
Ако не помине коло во Лигата на шампионите, Силекс ќе патува во квалификациите за Лига Европа, што значи дека го чекаат два европски меча.