Свет
5. May 2018 - 10:33

Силен земјотрес регистриран на Филипини

Земјотрес со интензитет од 6,1 степени по Рихтеровата скала е регистриран денеска на Филипини, соопшти Американскиот геофизички институт.

Засега нема информации за евентуални жртви и предизвикана материјална штета.

Епицентарот бил околу 50 километри северо-северозападно од Пандан на островот Катандуанес, 30 километри длабочина.