Сиљановска Давкова: Афирмација и унапредување на положбата на македонското национално малцинство во Албанија
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова прими делегација предводена од Васил Стерјовски, претседател на Македонската алијанса за европска интеграција од Република Албанија.
Како што информира денеска претседателскиот Кабинет, на средбата Сиљановска Давкова беше информирана за севкупните активности на партијата, насочени кон афирмација и унапредување на положбата на македонското национално малцинство во Република Албанија.
На средбата, како што се наведува во соопштението, беа разменети мислења и за последниот спроведен попис во Албанија и ставот на претставниците на Македонците, кои не ги признаваат објавените резултати.
Претседателката Сиљановска Давкова изрази поддршка на напорите на претставниците на македонското национално малцинство за унапредување на нивните права и повика на заедништво и обединет настап во работата за подобрување на нивната положба.
Сиљановска Давкова, како што се посочува, ја нагласи важноста пописот, секогаш, без исклучок да ја отсликува реалноста во секое општество.
Ново на Сител
-
Премиерот Мицкоски ќе присуствува на почетокот на градежните работи за санација на скверот позади ТЦ „Капитол“ во Аеродром
-
Северна Кореја почна да произведува дронови со техничка помош од Русија
-
Истрага против дилер на дрога во Скопје
-
Уличен форум „Зошто нашите градови се небезбедни?“ во Скопје
-
Студено утро, преку ден сончево
-
Ќе се гради патот Букојчани - Кичево за целосно автопатско поврзување од Скопје до Охрид и Струга
-
Голем земјотрес регистриран во Карипско Море издадено предупредување за цунами
-
Парламентарни избори во Косово