Сиљановска-Давкова: Безбедносната состојба е стабилна и под контрола

Безбедносната состојба е стабилна и под контрола, изјави претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова по состанокот на Советот за безбедност во Вила Водно кој траеше повеќе од два и пол часа.
Како што рече на прес-конференција, се зборувало „за безбедносните дилеми во светот“ кои, рече, „ги засегаат сите држави па и нашата’.
-Од воведните излагања и од средбата заклучокот беше дека, сепак, регионалната безбедност е стабилна и под контрола и во земјава и не се очекуваат некакви безбедносни проблеми и дилеми. Главно се говореше за состојбата во регионот, она што се случува во Босна и Херцеговина, каде што често слушаме сецесионистичка реторика, институционалната криза во Косово поради неможност да се конститурираат органите, како и во соседна Србија каде има низа сериозни проблеми. Но од аргументите, од податоците што ги имаме, заклучокот е дека, сепак, и покрај овие проблеми и предизвици не се очекува тие да се одразат врз македонската безбедносна состојба, истакна Сиљановска-Давкова.
Во однос на состојбата на Блискиот Исток, посочи дека кај сите присутни на состанокот биле „неподелени ставовите за потреба од мир“. Рече дека за тоа немаме сигурни гаранции зашто „преговорите се во тек па се прекинуваат“.
-Честопати велам очекував поангажирана и поактивна Организација на Обединетите нации која, за жал, е маргинализирана, рече претседателката.
За пожарите низ земјава посочи дека се под контрола во моментов и дека не се должат само на високите температури туку има „основано сомнеиние дека се намерно предизвикани“.
-Останува дилемата дека се намерно подметнати, но не можам да зборувам за тоа додека нема докази и додека имаме предистражна постапка, изјави Сиљановска-Давкова.
На прес-конференцијата , таа кажа дека состојбата е под контрола со пожарите кои се гасат со ангажман на домашните институции, кои се коориднирани, меѓу кои и војската, но и со помош од Европа.
Како што рече, од Владата била информирана за систем за превенција на кој работат, употреба на камера и дронови „со кои точно би се лоцирале опасностите, па и извршителите“ и дека изложиле низа мерки што во иднина ќе ги имплементираат - од промена на Закон за справување со кризи и ангажирањеволонтери, при што напомена и дека се оспособени возила што се употребуваа за воени цели, а денес се користат на теренот.
Предложен е, додаде таа, нов проект, современ информативен систем за временски непогоди кај нас, со помош на ВИ и пресметки со кои, рече, може однапред да се предвидат низа ситуации.
На Советот за безбедност се зборувало и за евроинтеграциите.
МИА
Ново на Сител
-

МВР во врвот на најтранспарентните министерства: 75,90% исполнетост на индикаторите во Индексот на отвореност 2026
-

Андоновски од Сеул: Пристапот до вештачката интелигенција ќе го дефинира напредокот на поединецот и општеството
-

Возел мотор на едно тркало низ Штип: Полицијата го пронајде 16-годишникот по видео на социјалните мрежи
-

По 23 години пронајден легендарниот автомобил на Пол Вокер од „Брзи и бесни“ – бил скриен во гаража во Њујорк
-

Над 50 хектари зафатени од пожар во Дебрца, спречено ширење кон посеви со пченка и фотонапонска централа
-

Приведени двајца српски државјани, возеле со брзина од 169км/ч и 175км/ч на место каде дозволената брзина е 80км/ч
-

Финска деветта година по ред најсреќна земја во светот – достапно здравство и бесплатно образование без национални тестови
-

АХВ: Продолжуваат вонредните инспекциски контроли на зелените пазари
