Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Швајцарија, Кристоф Зомер

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Швајцарската Конфедерација, Кристоф Зомер.
Соговорниците, како што соопштија од Кабинетот на претседателката, ја оцениле тридецениската соработка како пријателска и плодна, изразувајќи решеност и подготвеност за нејзино проширување и продлабочување.
Претседателката Сиљановска-Давкова му се заблагодарила на швајцарскиот амбасадор за континуираната поддршка на македонската евроинтеграција. Исто така, таа и оддала признание на Швајцарија за бројните и вредни донации во областа на заштитата на младите и жените, животната средина, како и во зајакнувањето на инклузивноста и одговорноста.
За швајцарскиот амбасадор, како што е наведено во соопштението, стоилјадната македонска дијаспора е вреден и почитуван актер во швајцарското општество.
Мултилатералната соработка, особено врзана за кандидирањето на престижни позиции, Сиљановска-Давкова и Зомер ја сметаат за корисна, конструктивна и успешна.
МИА
Ново на Сител
-

Челзи избори финале во ФА Купот
-

Ден на високи гости во рамки на вежбата „Блесок 26“
-

Оланд: Европа ќе мора да научи да живее сама, без поддршката од САД
-

Рокот за избор на претседател на Косово истекува утре или следуваат избори
-

Хјустон ја оствари својата прва победа во НБА плејоф серијата против Лејкерси
-

Салах, најверојатно, го одигра последниот натпревар за Ливерпул
-

Алонсо: Сè уште не сум подготвен да ја завршам кариерата во Ф1
-

Трамп: Напаѓачот е „болен човек кој ги мрази христијаните“
