-->
-->
Сиљановска-Давкова ја обновува практиката на отворени канцеларии на Претседателот
-->

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе го означи отворањето на Народната канцеларија на Претседателот во Скопје.
Обновувањето на практиката на отворени канцеларии на Претседателот е во согласност со определбите и ветувањата содржани во програмата на претседателката Сиљановска-Давкова, со цел директен контакт со граѓаните, како и поднесување на претставки, граѓански иницијативи, петиции и предлози од нивна страна.
На отворањето на Народната канцеларија ќе присуствуваат претставници од граѓанскиот сектор. Во рамки на настанот, претседателката ќе оствари средба со граѓани, информираа од нејзиниот кабинет.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Приведен битолчанец за предизвикување пожар, следува пријава
-

Вашингтон и Сакраменто му понудија договор на Вестбрук пред неговото пензионирање
-

Тешка сообраќајна несреќа синоќа во Ласкарци - три лица се повредени
-

Над двеста илјади корисници без струја на Хаваи по налетот на урагант „Лала“
-

Со распит на градежните вештаци продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

Армијата одбележува 34 години од формирањето
-

Активни четири пожари, три се под контрола
-

ЕУ наесен подготвува најсеопфатен пакет санкции против Русија досега
