Сиљановска-Давкова, Мисајловски и Лафчиски на видео-конференциска врска со македонските мировници
Во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец денеска традиционално ќе се одржат две предновогодишни активности на Министерството за одбрана и Армијата: видео конференциска врска со македонските мировници во присуство на членовите на нивните семејства и поделба на новогодишни пакетчиња на децата на припадниците на Армијата.
Претседателката и врховен командант на Армијата Гордана Сиљановска Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот генерал-мајор Сашко Лафчиски преку видео конференциска врска ќе им се обратат на припадниците на македонската Армија кои извршуваат задачи во мисиите и операциите во Косово, Босна и Херцеговина, Либан, Латвија, Романија и Бугарија.
Потоа на децата на мировниците ќе им бидат поделени новогодишни пакетчиња. Како што е најавено, предвидено е обраќање на претседателката Сиљановска Давкова.
На пладне на традиционалниот настан во воздухопловниот ВИНГ, Дедо Мраз ќе им подели новогодишни пакетчиња на децата на припадниците на Армијата и Министерството за одбрана.
Ново на Сител
-
Новогодишен Дневник 2024
-
Подготовки за најлудата ноќ
-
Апсолутна победа на Мицкоски, Ахмети замина во опозиција, Филипче – нов лидер на СДСМ
-
Уште една година на стагнација за македонските интеграции
-
Затворски казни, оставки и разрешувања за лица од правосудството во 2024 година
-
Штипска Клиничка годината ја завршува со долг од 160 милиони денари
-
Спектакуларна прослава во Сиднеј
-
Трамп освои втор претседателски мандат