Сиљановска Давкова: Нема поголемо богатство од човечкиот капитал, неопходни се мерки за задржување на младите
Да не не туркаат нас во решавање на проблеми врзани за вето од соседите и да не градиме во уставите решенија нешто што никаде го нема. За влез во едно семејство треба да сте компатибилни, значи да делите исти вредности и принципи, истакна претседателкста Гордана Сиљановска Давкова денеска на предавањето на Правниот факултет при Универзитетот на Црна Гора, на тема „Западнобалканскиот демократски и евроинтеграциски маратон“.
Како што јави специјалниот известувач на МИА од Подгорица, таа посочи дека земјите од регионот се соочуваат со еден трнлив пат кон евроинтеграцијата, а вината е во отсуство на стратегија на Европската унија.
Не мислам, рече претседателка, дека некои држави членки на ЕУ се понапред од нас и затоа како што рече треба да се оценува според Копенхагенските критериуми, а на ЕУ е потребна длабоока реформа.
- Многу важно е во овие процеси да се почитуваат стандардите, затоа што тие ќе не водат до решение, рече претседателката.
Во контекст на тоа, Сиљановска Давкова порача дека треба да се почитуваме регионално, бидејќи ако не самопочитуваме, никој нема ни да не почитува.
На предавањето претседателката се осврна и на партитократијата, која како што рече, е недемократски модел, во кој линијата меѓу партијата и државата е избришана.
- За да станете дел од државната администрација не е толку важно да имате CV, да сте компетенти и стручни, туку да имате партиска книшка. Тогаш просечните и потпросечните ја окупираат администрацијата, а ако сте влегле со партиска книшка во администрацијата нема да бидете лојални на Уставот и на законите, туку на оние кои ве вработиле, нагласи претседателката.
Таа посочи дека македонските бројки на егзодус на младите во западноевропските земји се катастрофални и ако не се соочиме со решавање на овој проблем нема да стигнеме далеку.
Нема за нас поголемо богатство од човечкиот капитал, особено за малите држави. Но потпросечните и просечните несакаат ум, се нервираат и затоа не преземаат мерки за задржување на младите, истакна Сиљановска Давкова.
Според неа и етнизацијата не треба да биде критериум за вработување, туку стручноста и компентноста.
-Не може да е занимање да сте Македонец, Турчин, Влав,..., ама кај нас е. И кога ќе ги наполните институциите врз етнички критериуми, владеење на право нема, има партитократија има етнократија, рече претседателката.
Во контекст на тоа, додаде дека ваквите критериуми се сијамски близнаци со корупцијата и криминалот и тогаш напредок нема, а најпаметните си заминуваат.
- Мора да почнеме уште од втора, трета, четврта година на студии најдобрите да бидат повикани во владата, да ги уверат дека треба да останат и да ги ангажираат. Поинакви плати треба да добиваат најдобрите, инаку ќе си заминат, а кога сте опкружени со подпросечни и просечни напредок нема. Затоа ни се потребни вакви реформи како во мојата земја, така и во регионот, истакна таа.
Претседателката Сиљановска Давкова денеска по предавањето на Правниот факултет во Подгорица ќе оствари средба со црногорскиот премиер, Милојко Спајиќ.
Ново на Сител
-
На седиште во меѓуградски автобус оставил торба со марихуана, полицијата ја пронашла - кривична за 18-годишник
-
Руте: Длабоко сум загрижен за безбедносната ситуација во Европа
-
Забрани за товарни возила низ државава, снежни врнежи се очекуваат и ноќва
-
Оставка на 15 вработени во белградската Воздухопловна академија го спречува почетокот на наставата
-
Штетите од пожарите во Јужна Калифорнија се проценуваат на 250 до 275 милијарди долари
-
Фјури објави дека се повлекува од боксот
-
МЗ: Коска од починат донор имплантирана на прсти кај 13-годишно дете на Клиниката за ортопедија
-
ИЈЗ: Шест нови случаи на Ковид-19, постои ризик од раст на активноста на вирусот