Сиљановска Давкова се сретна со претседателот на црногорското Собрание, Андрија Мандиќ

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на официјалната посета на Црна Гора, денеска во Подгорица оствари средба со претседателот на Собранието на Црна Гора, Андрија Мандиќ.
На средбата, како што јавува известувачот на МИА, е изразено задоволство од досегашниот развој на односите и соработката меѓу двете земји, без отворени прашања, со идентични ставови на билатерален, регионален и на мултилатерален план. Двајцата соговорници ги потврдија и заедничките стратешки цели – мир и стабилност во регионот и членство во ЕУ, како и соработка и сојузништво во рамки на НАТО Алијансата.
Во насока на унапредување на соработката во повеќе области од заемен интерес, претседателката Сиљановска Давкова истакна дека економската, регионалната и соработката во европските интеграции се областите во коишто ќе треба поинтензивно да работат и да се фокусираат двете држави.
Ново на Сител
-

Опозициски пратенички прашања во Собранието
-

СДСМ: Власта ја пушти Михаилова да замине во Бугарија
-

ВМРО-ДПМНЕ: Дали СДСМ ја среди медицинската документација на Михаилова?
-

Бегството на Михаилова не е поради здравствени причини
-

Утврдени цени, но без откуп, дел од лозарите ги копачат лозјата
-

Преглед на вестите од светот
-

Нема евидентиран излез на Ива Михаилова
-

Тошковски: Михаилова нелегално ја напуштила Македонија, истрагата ќе утврди на кој начин
