Сиљановска-Давкова во Софија на „Акаба Процес Балкан“, предвидена средба со Румен Радев
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе учествува на состанокот на шефови на држави и влади на „Акаба Процес Балкан III“ во Софија.
Како што јави известувачот на МИА од Софија, посетата се реализира на покана на претседателот на Република Бугарија, Румен Радев и кралот на Хашемитското Кралство Јордан, Абдула Втори.
Македонската претседателка ќе говори на првата сесија од состанокот насловена „Идентификување и разбирање на заканите“.
За време на посетата, предвидени се и билатерални средби на претседателката Сиљановска-Давкова со шефот на бугарската држава Румен Радев и со кралот на Хашемитското Кралство Јордан, Абдула Втори.
На состанокот, шефовите на држави, претставници на влади, меѓувладини и невладини организации ќе разговараат за безбедносни прашања со фокус на Балканот.
Форумот „Акаба процес за Балканот III“ е продолжение на претходните состаноци на оваа тема, одржани во рамките на иницијативата - во 2016 година во Акаба, Јордан и во 2018 година во Тирана, Албанија.
Целта на форумот во Софија е државните лидери од Југоисточна Европа, заедно со претставници на влади, институции и партнери на „Процесот Акаба“, да ја анализираат безбедносната архитектура на Балканот, да разговараат за регионалните механизми за размена на информации и да ги координираат напорите во борбата против илегалната миграција, тероризмот, радикализацијата и екстремизмот.
„Процесот Акаба“ е серија меѓународни состаноци за првпат иницирани од кралот Абдула Втори во 2015 година. Нивната цел е да ја одржат меѓународната и регионалната координација и соработка во борбата против тероризмот, екстремистичките идеологии и радикализацијата преку сеопфатен пристап. За да се поттикне отворен дијалог меѓу учесниците на состаноците на процесот Акаба, дискусиите се одржуваат во неформален амбиент.
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова оствари средба со бугарскиот претседател Румен Радев на маргините на Конференцијата за климатски промени – COP 29 во Баку, Азербејџан. Во разговорот
Инаку, последната средба меѓу Сиљановска-Давкова и Радев беше на маргините на Конференцијата за климатски промени-КОП29 во Баку, Азербејџан, лани во ноември.
Тогаш од Кабинетот на претседателката информираа дека било разговарано за потребата од унапредување на македонско-бугарските односи, за надминување на отворените прашања меѓу двете држави, како и за можностите за продлабочување и динамизирање на билатералната соработка во повеќе области од взаемен интерес.
Бугарскиот претседател Радев, пак, укажал на потребата од брзо решавање на отворените прашања, како и на потребата од воспоставување на добри односи во сите области од заемен интерес за полесно меѓусебно разбирање.
Ново на Сител
-
Украина: Русија нема да престане додека не биде запрена
-
Трамп: Разговарав со Нетанјаху, се согласивме по сите прашања
-
Кривичен суд Скопје: Неосновано барањето за замена на мерката притвор со гаранција за Асмир Јахоски
-
Гори ѓубриште и трева кај поранешна Циглана – Драчево, информира ЦУК
-
Единаесет сообраќајни несреќи на патиштата низ истокот, за време на Велигденските празници
-
МЗШВ: Исплатени се 224.748.332 денари кон 7.826 лица за мерката 1.9 за остварено производство на овошје за 2024 година
-
Во Италија прогласена петдневна жалост
-
МВР: Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат сомнителни пораки