Свет
30. May 2017 - 10:14

Силно невреме го погоди јужниот брег на Бангладеш

Во силната тропска бура Мора која денеска го погоди јужниот брег на Бангладеш урнати се стотици куќи.

Во налетите на силниит ветар и дожд урнати се стотици куќи и други објекти во бенгалскиот залив, но засега нема информации за жртви, наведоа официјални лица.

Ударите на ветрот беа со брзина од 117 км/час.

Повеќе од милион жители беа евакуирани вчера од загрозените подрачја, а ширум државата се отворени околу илјада засолништа, јави Би-Би-Си.