-->
-->
Силно невреме ја зафати Пелагонија
-->
Во попладневните часови подрачјето на Пелагонија беше зафатено од силно невреме.
Во Прилеп и северниот дел од Пелагонија, Долнени имаше интензивни поројни врнежи од дожд, силни електрични празнења и ветер, а според радарските слики можна е и појава на град.
- Во моментов интензивни процеси има во битолскиот дел од Пелагонија и во Штип, каде има силни електрични празнења, интензивен пороен дожд и силен ветер, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
До крајот на денот на повеќе места ќе се задржи нестабилно и облачно време, со поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите можат да бидат поинтензивни и во форма на невреме со силни електрични празнења, интензивни врнежи, како и појава на град.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК се уште го брои прегласувањето - дали ДУИ загуби еден пратеник?
-
Вреди освои пратеник плус
-
Расте просечната плата
-
Ковачевски се повлече од претседателското место во СДСМ
-
Заврши прегласувањето
-
Заврши прегласувањето на 7 избирачки места - Ќе изгуби ли ДУИ две пратенички места?
-
Тема на денот со Александар Кржаловски
-
30 години Дански конзулат во Македонија, ново признание за Живко Мукаетов