-->
-->
Силно невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер го зафати Скопје
-->
Скопје попладнево го зафати силно невреме проследено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Претходно УХМР соопшти дека попладнево ќе има појава на нестабилност во Скопје
„Попладне ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со појава на град“, известија од УХМР.
Од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат невреме и утре и во петок додека пак саботата следи стабилизација на времето.
Граѓаните се советуваат да бидат внимателни при движење, особено во близина на дрвја, отворени простори и сообраќајници со намалена видливост поради интензивните врнежи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Инспекцијата утврдила повисоки маржи во дел од маркетите, Мицкоски вели дека тоа нема да го толерира
-

Златни денови на Кратово
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
-

Преглед на вестите од светот
-

Локализиран пожарот на Исарот во Штип
-

Пожари во Пробиштипско
-

Голем пожар кај Пробиштип, евакуирани неколку села
-

Напаѓачите на 14-годишникот во Ченто осомничени за насилство врз дете
