Симон Трпчески со нов албум и серија настапи
Дискографската куќа „Оникс Класикс“ го издаде новото оркестарско издание на нашиот пијанист Симон Трпчески, чија концертна промоција деновиве се случи во Ливерпул.
- На ЦД-то се поместени дела од Сергеј Прокофјев: два концерта - број 1 и број 3, како и Увертирата на еврејски теми, изведени заедно со познатата и наградувана екипа во која се и диригентот Василиј Петренко и Кралскиот ливерпулски филхармониски оркестар, информира Здружението за култура и уметност „КултурОп“.
Овие концерти и новото издание на македонскиот пијанист со проверените соработници беа претставени со пригоден текст „Тимот од соништата се враќа“.
- Овој диск за мене има големо значење бидејќи е сниман непосредно пред раѓањето на моите близнаци Стефан и Андреј на кои ова ЦД и им е посветено: два концерта за двајца браќа. Многу му се радувам и на ова издание, бидејќи Третиот концерт на Прокофјев ми буди убави спомени. Го свирев во финалето на натпреварот во Лондон и сега по толку години го снимив за на носач на звук, вели во пишаната изјава Трпчески.
По промотивните ЦД концерти во Ливерпул, летниот оркестарскиот распоред го води нашиот пијанист во Соединетите американски држави, каде ќе биде солист на престижниот Чикашки симфонискиот оркестар. Трпчески ќе има настапи и со Оркестарот на Лил на Фестивалот на Радио Франс во Монпелје, додека следната изведба на проектот „Македонисимо“ со музика од Македонија е најавена за 6 јули во Љубљана.
Ново на Сител
-
Специјална акција на грчката полиција во ромска населба во Атина, уапсени 12 лица
-
Следните два дена сончево, во вторник и среда дожд и грмежи
-
Николоски во Будимпешта ги презентираше капиталните инфраструктурни проекти пред министрите за транспорт на земјите од ЕУ
-
Одбележани 80 години од загинувањето на 17 тетовски партизани во мавровското село Беличица и стрелањето на двајца во Тетово
-
Израелски претставник пред Советот за безбедност на ОН: Израел ќе се брани
-
Три лица, меѓу кои и едно дете, загинаа во руски ракетен напад во Криви Рих
-
Промовирана мобилна апликација за зајакнување на полицијата во постапување на случаи на родово базирано и семејно насилство
-
Нормализиран сообраќајот на патот Штип-Кочани