-->
-->
Симовски: Барам сериозен пристап од ракометарките
-->

Ракометарките на Вардар Јуниор утре и во петок ги играат двата натпревара од 3.коло од Челинџ купот. Младите „вардарки“ двата натпревара ќе ги играат на домашен терен со англиската екипа Лондон „Ејнџелс“. Тренерот на Вардар Јуниор и селектор на Македонија Симе Симовски на денешниот прес истакна:
- Немаме многу информации за противничката екипа. Во составот имаат Унгарки и по една ракометарка од Словачка и од Романија и теренерот им е од Унгарија. Затоа барам сериозен пристап од моите ракометарки. Имаме мотивација за добар натпревар. Треба да играме цврсто во одбраната и смирено во нападот. Не би сакал да сум фаворит, но се надевам дека ќе успееме да го минеме противникот.
Двата натпревара ќе се играат во Скопје, а капитенот Маја Трпковска истакна:
- Не треба да се потцени противникот и се надевам дека ќе ја продолжиме серијата победи што ги имаме на „домашен терен“.
Репрезентативката Теодора Ќерамитчиева од редовите на Вардар Јуниор изјави:
- Сега сме посигурни во себе. Резултатот треба да дојде само по себе и по наша добра игра.
Дуелите Вардар Јуниор – Лондон „Ејџелс“ се играат утре и задутре во СЦ „Јане Сандански“ и двата со почеток во 18 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со министерката за образование и наука, Весна Јаневска
-

САД ке ја предводи истрагата за инцидентот на „Рајанер“ што се случи на македонското небо
-

Власта и опозицијата се обвинуваат кој не сака нов Изборен законик
-

Утре во Собрание владината реконструкција
-

Владината кошничка ќе биде усвоена следната недела на ЕСС
-

Високите температури го зголемија ризикот од труење со храна - на инфективна секојдневно имаат пациенти
-

За 30% зголемен бројот на повици во Итната помош Прилеп, недостасува кадар од сите профили
-

Овчата сипаница го пустоши сточниот фонд
