Симпозиум за бугарската драма и театар во Македонија

Во манастирскиот комплекс „Св. Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка утре и задутре ќе се одржи прв научен симпозиум за бугарската драма и театар во Македонија. Ќе има 30-тина учесници од Бугарија и Македонија, кои ќе ја расветлат хронологијата на духовните поврзувања во театарската традиција.
Симпозиумот е во рамки на научноистражувачкиот проект „Европскиот театар и драматургија во Република Македонија од осободувањето до денес“ на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска филмска, театарска и танцова академија – Скопје. Научно ќе бидат презентирани 30-тина национални драматургии, во театарската и издавачката дејност, кои оставиле длабока трага во нашата европска културна меморија. Секоја учебна година ќе бидат презентирани по две драматургии. Годинава тоа ќе бидат бугарската и германската.
Најавени се обраќања на двајцата министри за култура и присуство на амбасадорот на Бугарија во Македонија Иван Петков и на амбасадорот на Македонија во Бугарија Марјан Ѓорчев.
Институтот за сценски уметности при УАУ ЕФТА ќе објави обемна антологија на бугарската драма на македонски јазик. Овој научноистражувачки проект е предвиден со реципроцитет, и за возврат Факултетот за театар при Новобугарскиот универзитет кон крајот на следната година ќе организира симпозиум „Македонскиот театар и драматургија во Бугарија“.
Ново на Сител
-

Тема на денот со аналитичарот Милан Стефаноски
-

Македонија гори и денеска - на Бигла гори борова шума
-

Македонија има најмногу заболени од западнонилска треска на милион жители во Европа
-

Септемвриските пензии ќе се зголемат за 3%
-

Реакции по изјавата на Jотова: „Немаме што да делиме со Македонија затоа што историјата ни е заедничка”
-

Партиски реакции по одлуката на ОЈО ГОКК да го затвори случајот „Mодуларни болници“
-

Сите кои издаваат сместување имаат обврска да платат данок
-

Николоски: По првите километри од автопатот Прилеп-Битола граѓаните ќе може да возат идната година
