Син на руски тајкун брутално ја убил девојката, а родителите го бранат: Не сме иста класа!

Марк Конков, син на руски бизнисмен е осуден на девет години затвор поради брутално убиство на бившата девојка, шеснаесетгодишната Карина Залесов во куќата на неговите родители во Новосибирск.
Имено, Конков поранешната девојка 25 пати ја избодел со нож, во главата и вратот, а кога се појавил на судењето веднаш ја признал вината.
На изрекувањето на казната, бесните родители на обвинетиот изрекле неверојатни обвинувања на сметка на жртвата.
Ја обвиниле дека таа е виновна за се, дека припаѓа на пониска општествена класа и дека никогаш и не смеела да се дружи со нивниот син.
Марк Конков по убиството не бил притворен, туку му бил одреден домашен притвор, поради што низ Русија се одржале бројни протести, бидејќи луѓето сметале дека случајот ќе се заташка и дека богатството на таткото на убиецот и неговите политички врски ќе извршат притисок на полицијата и судството. Сепак, протестите вродиле со плод и на Марк Конков му бил одреден притвор.
Во затворот му направиле и психолошки тестирања за време на кои му е утврдено нарушување на личноста и склоност кон садизам, но се заклучило дека во моментот кога ја убил Карина бил психички здрав. Токму поради тоа обвинението било преправено од убиство во свирепо убиство.
Сепак, Игор Конков, таткото на убиецот, инаку градежник, на судот тоа упорно го негирал.
– Немаше ништо посебно свирепо. Го видов нејзиното тело и изгледаше нормално. Единствено беше мртва. Ние сме од различни слоеви на општеството. Никој не ја повикал во нашата куќа, сама дојде – рекол Игор Конков на судењето.
На судењето можело да се слушне дека Марк Конков ја повикал Карина во својата куќа во октомври 2015 година. Рекол дека ќе се убие ако не дојде. Но, бидејќи таа конечно се појавила тој брутално ја изудирал со дланките и со дрвена фигура пред да употреби нож.
Таткото на убиецот тврдел дека тие се договориле заедно да направат самоубиство, но форензичките докази покажале дека девојката очајнички се обидувала да се одбрани од бруталните напади.
На судењето, Конков ги демантирал тврдењата на татко му за какво било заедничко самоубиство со жртвата и рекол:„Едноставно ја убив и тоа е се“.
Ново на Сител
-

Рубио: Притисокот на САД врз сојузниците во НАТО да вложуваат повеќе во одбраната не е непријателска работа
-

Трамп: Секој што го користи терминот вештачка интелигенција е „непријател“
-

Алармантни бројки од Онкологија: Лани откриени 1.000 нови случаи на рак на дојка, 7.000 заболени се на активен третман
-

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европска интеграција, Коридорот 8 овозможува тој принцип да се оствари
-

Жена нападната и расечена со остар предмет од партнерот во Скопје
-

Кривична за угостител од Дебар, послужил алкохол на малолетник кој подоцна физички нападнал свој врсник
-

Повторно искршено детско игралиште во Кисела Вода: „Неколку пати се поправаше, сè е за ништо“
-

Кај 43-годишник од скопско пронајдени пушка, пиштол, муниција и шприцови со масло од канабис
