Синдикат од Република Српска со поддршка за Независниот синдикат на здравствени работници при КСОМ
Самостојниот синдикат на работници во здравството и социјална заштита од Република Српска даде поддршка за Независниот синдикат на здравствени работници при Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија (КСОМ).
Со поддршката изразена на социјалните мрежи, тие потсетуваат на некои од барањата на Независниот синдикат на здравствени работници - нов колективен договор, зголемување на платите за 30 отсто, бенефициран работен стаж, трансформација на работниот договор и зголемување на надоместокот во поглед на работата на местата со зголемен ризик - инфекции.
Националниот координатор на Независниот синдикат на здравствени работници, Боби Бојчевски повтори дека добро е што ќе има нови 1.117 вработувања во здравствениот сектор, но, предност да имаат тие кои работеле со години под договор на дело.
- Бидејќи законот за трансформација веќе не постоел, ние и вработените што подолго работат со договор на дело, се плашиме, на јавните огласи, да не влезат на работа сосема други луѓе од надвор, наместо овие, кои со години работеле со договор на дело. Затоа, освен основните барања во конкурсот, диплома и лекарско, замолуваме до министерот, да има услов од доказ за работно ангажирање од над три или четири години за да не се вработуваат без искуство, кога веќе има луѓе со искуство, нагласи Бојчевски кон крајот на декември
Ново на Сител
-
Претседателот на Собранието Гаши го прими новоименуваниот француски амбасадор, Ле Риголер
-
Јаневска: Воведувањето на едносменската настава е со цел учениците да стекнуваат на различни начини повеќе знаење
-
Објавен јавниот повик за субвенционирање на нови авиолинии од Скопскиот и Охридскиот аеродром
-
Специјалните сили на Македонија дел од мултинационална воена вежба во Грција
-
30 годишник проголтал хероин додека полиција вршела претрес во неговиот дом во Кавадарци
-
Студенти на УКИМ го претставија првиот болид на натпревар во Хрватска
-
Николовски - Станков: Унапредување на соработката на Царинска управа и Државниот завод за статистика
-
Велика Британија испраќа 650 проектили за Украина за заштита од руски напади