Синдикатот на УПОЗ реагира на кратењето на платите за време на штрајк
Синдикатот на УПОЗ денеска оцени дека кратењето на платите на вработените во судската администрација за време на штрајк без да добијат поединечни решенија со право на жалба е противуставно и противзаконско.
- Наредбата не е и не може да биде над Законот и Уставот, а новата пресметка на платите не може да биде завршена до 08.07.2016 година, кога во предвид ќе се земе дека голем број вработени во судовите во месец јуни го користеа и стариот годишен одмор, а некои беа на боледување, се наведува во соопштението од УПОЗ.
Оттаму посочуваат дека заедно со Здружението на судска администрација за ова ќе го известат Народниот правобранител, а ќе побараат и заштита од Државниот инспекторат за труд.
Според Синдикатот, ваквата постапка е со цел да се скрши отпорот на штрајкувачите и да прекине штрајкот.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости