Сирија тврди дека урнала израелски ракети лансирани кон Дамаск

Властите на Сирија соопштија дека сириската противвоздушна одбрана пресретнала и урнала неколку ракети, лансирани од територијата на Израел кон аеродромот во Дамаск.
- Нашата противвоздушна одбрана спречи израелска ракетна агресија врз меѓународниот аеродром во Дамаск, се наведува во соопштението.
Сириските медиуми пренесоа изјави на наводни очевидци кои тврдат дека виделе „силна светлина на ноќното небо“ и слушнале нешто што наликувало како звук на грмотевица.
Израелската армија одби да ги потврди ваквите тврдења, нагласувајќи дека „Израел не коментира соопштенија во странски медиуми“.
Израел досега во неколку наврати нападна цели во Сирија, со образложение дека станува збор за транспорти на ирански борци или оружје наменети за проиранската либанска шиитска милитантна група Хезболах.
Ново на Сител
-

Инспекцијата утврдила повисоки маржи во дел од маркетите, Мицкоски вели дека тоа нема да го толерира
-

Златни денови на Кратово
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
-

Преглед на вестите од светот
-

Локализиран пожарот на Исарот во Штип
-

Пожари во Пробиштипско
-

Голем пожар кај Пробиштип, евакуирани неколку села
-

Напаѓачите на 14-годишникот во Ченто осомничени за насилство врз дете
