Сириската армија го продолжи едносттраното примирје
Сириската армија синоќа соопшти дека го продолжува едностраниот прекин на воените операции во јужниот дел на земјата до утре на полноќ.
Сириските буинтовници соопштија дека примирјето е нарушено со напади врз реони што се под нивна контрола.
Сириската армија во понеделникот објави примирје, што требаше да биде во сила до синоќа на полноќ. Тоа беше втор едностран прекин на огнот за две недели. За разлика од првото примирје, второто се однесува на целиот јужен дел од Сирија, вклучително и провинцијата Кунејтра, која е на граница со Израел и има стратешко значење. Прекинот на огнот важи и за провинцијата Суејда во југоисточниот дел на Сирија.
Но, борбите продолжија и армијата ги обнови воздушните и артилериски напади, поради што буинтовниците го оценија примирјето како привид.
Ново на Сител
-
Загадениот воздух - Хроничен зимски проблем
-
Владата е свесна за проблемите со загадениот воздух
-
ВМРО-ДПМНЕ: Фалат 200,000 евра на Детска клиника
-
Таравари: ДУИ да не политизира смртни случаи
-
Пожарот на Галичица делумно локализиран
-
АДКОМ на Балканската конференција во Приштина
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група на СДСМ