Сириската армија прогласи 48-часовно примирје во јужниот град Дара

Сириската армија објави денеска дека ќе ги запре воените операции во јужниот град Дара за период од 48 часа од денеска на полноќ.
Примирјето ќе почне во 24:00 часот по локално време и има цел да ги поддржи напорите за помирување во земјата.
Војската ова го објави неколку дена откако градот беше подложен на некои од најтешките борби изминатите месеци во услови кога опозициските активисти стравуваат дека Владата се обидува да го преземе Дара, каде граѓанската војна почна пред шест години.
Истовремено сириската армија и силите, кои ја поддржуваат ги прошируваат воените операции јужно од реката Еуфрат.
Владините сили денеска ослободиле од контрола на исламистите три населени места, распоредени покрај патот Атраја-Расафа-Рака.
Копнените сили биле поддржани од воено-водухопловните сили, кои извршиле напад врз база на Исламска држава во градот Расафа, 30 километри јужно од Рака. Во операцијата армијата ослободила од терористите територија од 22 илјади километри квадратни јужно од Еуфрат.
Изминатите два дена силите на режимот во Дамаск ја вратиле контролата на две нафтени наоѓалишта југозападно од Рака.
Ново на Сител
-

Ново предупредување од опасност од поплави во Непал
-

Висоцки: Во руските напади уништени се 90 проценти од логистиката на малопродажните синџири за храна во Украина
-

Велковски: Пензиите ќе се зголемат за 3 до 3,5 проценти, конечниот износ ќе се знае следната недела
-

Трамп му објави војна на „одвратниот монопол“ на американските преработувачи на храна
-

ЦУК: Осум активни пожари, три под контрола
-

Работник на телекомуникациска компанија паднал од бандера и починал во Елшани
-

Приведена 23-годишна жена во Македонска Каменица – ја нападнала свекрвата, па фрлила нож кон свекорот
-

Венецуелка нападната во апартман во Скопје, напаѓачот ѝ одзел два телефона
