Сириската владина делегација се враќа на мировните преговори
Делегацијата на сириската Влада најави дека ќе учествува на продолжението на преговорите за ставање крај на граѓанската војна во Сирија, планирано за в недела во Женева.
Сириската владина делегација се повлече од преговорите минатата недела, по што во нејзино отсуство, продолжија разговори меѓу сириските опозициски групи.
Едно од главните отворени прашања е инсистирањето на опозициските групи дека Асад не смее да игра каква било улога во транзицискиот период во Сирија, но претставниците на Дамаск во старт го отфрлија ова барање.
Владината делегација во петокот ги напушти разговорите во Женева, што се водат под покровителство на ОН, при што нејзиниот Башар ал Џафари нагласи дека таа веројатно нема да се вратат на преговорите во текот на оваа недела.
Специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Стафан де Мистура минатата недела најави дека најновата рунда преговори меѓу сириските власти и опозицијата ќе продолжи до 15 декември.
Според Мистура, главни теми на продолжението на преговорите ќе бидат изработката на нов устав на Сирија и организирањето на претседателски и парламентарни избори под контрола на ОН.
Мистура нагласи дека на во текот на преговорите што почнаа минатиот втроник не било разгледувано прашањето за иднината на сирискиот претседател.
Преговорите во Женева со водат со посредништво на Мистура, при што делегациите на сириската Влада и на опозицијата се сместени во различни простории во ист ходиник.
- Тие се уште не преговараа директно. Но, тоа не е најважно. Поважно е дека дискусиите се суштински, додаде пратеникот на ОН.
На оваа рунда преговори сириската опозиција првпат е претставена со единствена делегација, што, според аналитичарите, ја зголемува можноста за директни преговори меѓу двете страни во конфликтот.
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
САД од утре со 104 отсто царини на увозот од Кина
-
Ја продолжувам работата на Цепенков и Мисирков | Томче Јосимовски | ПРОфесија | Sitel Podcast 089
-
Бројот на жртви по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република се искачи на 27
-
Грир: Царините утре стапуваат во сила, паралелно со преговори со некои земји
-
Трамп најави можен договор со Јужна Кореја и чека Кина да се јави
-
Пад на руските приходи од нафта и гас
-
Американските берзи го отворија денот со раст