Свет
8. November 2016 - 15:27

Сириската војска зазеде стратешки дел од Алепо

Сириската војска денеска зазеде стратешки важна населба во Алепо, што може да се смета за најзначаен напредок на владините сили и нивните сојузници во борбата против бинтовниците во овој град, иако бунтовнички извори тврдат дека „борбата се уште не е завршена“.

Информацијата за заземање на населбата „1070 Апартмани“, ја соопшти сириската војска, а ја потврди и опозициксиот Сириски центар за мониторинг на човековите права, со седиште во Лондон.

Слична вест објави и Хезболах, чии припадници го поддржуваат Дамаск.

Населбата се наоѓа во југозападниот дел на Алепо и се простира долж владиниот коридор кон деловите од градот кои се под контрола на војската.