-->
-->
Сириски опозициски водач предупредува дека странски сили сакаат да ја поделат земјата
-->
Ријад Хиџаб, координатор на Високиот комитет на сириската опозиција, вчера обвини дека странски држави се обидуваат да ја поделат Сирија на зони на интерес.
Хиџаб поднесе оставка на координативната функција во пресрет на новата рунда мировни разговори за Сирија во Женева закажани за 28 ноември.
Хиџаб е поранешен сириски премиер кој му откажа послушност на претседателот Башар ал Асад и се префрли на страната на опозициските сили. Со цел сириската опозиција да биде подготвена за преговорите во Женева, кои ги водат Обединетите нации, за утре е предвидена средба и во саудискиот главен град Ријад на која опозициските групи ќе изберат нов координатор.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата