-->
-->
Сириза бара силен мандат од грчкиот народ
-->
Портпаролката на Сириза, Олга Геровасили ги повика Грците уште еднаш да и дадат на партијата силен мандат на претстојните избори на 20 септември.
- Силен мандат на влада на Сириза за да се спаси земјата од тешката ситуација во која ја доведоа 40 години лоши политики, изјави Геровасили за едно грчко радио.
Таа истакна дека Сириза нема да соработува со Нова демократија поради тоа што двете партии се различни и идеолошки, и политички, додавајќи дека Сириза „не носи исти оптоварувања“.
- Ние имаме други цели, додаде таа.
Лидерот на Сириза Алексис Ципрас денеска од Крит ќе ја почне неговата изборна кампања на национално ниво.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација