СИРИЗА избира претседател на партијата
Меѓу тројца поранешни министри од СИРИЗА и еден од ПАСОК и бизнисмен кој живее во САД, членовите на најголемата грчка опозициска партија денеска одбираат нов лидер, по оставката на Алексис Ципрас на крајот на јуни, јави дописничката на МИА од Атина.
За претседател на СИРИЗА кандидирани се поранешните министри и актуелни пратеници Ефи Ахциоглу, Ефклидис Цакалотос и Никос Папас, поранешниот министер од ПАСОК Стефанос Ѕумакас и бизнисменот Стефанос Каселакис, кој живее и работи во САД, а според медиумите во Грција, фаворите за лидерската позиција е Ахциоглу.
Изборите регуларно требаше да се одржат минатата недела, меѓутоа поради ситуацијата со поплавите во земјата, беа одложени за денеска.
Ќе бидат отворени вкупно 570 гласачки места во цела Грција, гласањето ќе трае од 8 до 20 часот, а право на глас имаат сите со наполнети 15 години кои или се веќе членови на СИРИЗА или ќе се зачленат во текот на денешниот ден на самите гласачки места.
Доколку ниту еден од кандидатите не добие доволно гласови за денеска да биде избран за претседател, вториот круг ќе се одржи следната недела, на 24 септември.
Според резултатите од истражувањето на јавното мислење на агенцијата „Metron Analysis“ за грчката телевизија „Мега“, објавено во четвртокот, тесна е трката меѓу Ефи Ахциоглу и Стефанос Каселакис, а последната битка двајцата ќе ја водат во вториот круг.
Ново на Сител
-

Тошковски и Клековски на средба со претставникот на УНОДЦ: Борбата против дрогата да се води со координиран пристап
-

За викендот дожд, ветер и заладување
-

Цената на нафтата „Брент“ надмина 100 долари
-

Во пратка со рози откриени 100 килограми кокаин на атинскиот аеродром
-

Сончево, попладне услови за локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати - сите се мажи
-

Зверев избори полуфинале на УС опен
-

Трамп вети по 5.000 долари за секој полнолетен Американец доколку Републиканците победат на меѓуизборите
