Сите 117 избирачки места во Тетово отворено навреме, гласањето е без проблеми

-Во сите 117 избирачки места во рамки на Општинската изборна комисија (ОИК) Тетово од 7 часот почна и нормално се одвива процесот на гласање за денешните локални избори, информираат од ОИК Тетово. Во Општина Тетово ќе гласаат 87.878 граѓани со право на глас.
-Сите 117 избирачки места кои се во надлежност на ОИК Тетово навреме се отворени во 7 часот и гласањето се одвива. До сега нема никаков проблем пријавениод ниту еден избирачи одбор. Како болни и немоќни вчера во Општина Тетово гласале 98 од 99 пријавени лица, информираше Назми Даути од ОИК Тетово.
Општинска изборна комисија Тетово потсетува за промена на објектот за гласање на повеќе осум (8) избирачки места кои досега биле во два објекта- средни училишта.
Станува збор за избирачки места кои досега биле во објектот познат како „Старо медицинско“ кај реката Пена и Општинско средно стручно училиште „Ѓоце Стојчески-Амбарче“ односно „Текстилно школо“ кои се реконструираат во моментот.
Избирачките места 1925,1926,1927, 1927/1 со објект на гласање објект „Стара Медицина“ ќе бидат привремено префрлени во објектот на Гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ на улицата „Браќа Миладинови“, бр 134 -Тетово.
Избирачките места 1941, 1941/1 1942 и 1942/1 со објект на гласање Општинско средно стручно училиште „Ѓоце Стојчески-Амбарче“ ќе бидат префрелни привремено во објектот на Општинска Јавна установа детска градинка „Младост“ на улица Браќа Миладинови бр. 1 (н.з Градинка Тетекс).
МИА
Ново на Сител
-

Руски генерал загина во напад со автомобил-бомба во Москва
-

Рим ќе наплаќа влез за фонтаната Ди треви
-

Најстудено во Берово и Виница
-

Американец со потекло од Нигерија нападнал полицаец во Градски парк, носел пиштол и големо количество муниција
-

Седница на Советот на јавни обвинители, на дневен ред назначувањето вршител на должност на местото на Коцевски
-

Виткоф ги нарече мировните преговори за Украина „продуктивни и конструктивни“
-

Седница на Економско-социјалниот совет
-

Орбан: ЕУ воведе санкции за да ја „скрши“ Русија, наместо тоа ја скрши Европа
