Сите водостои со надпросечни вредности, можни излевања, свлечишта и одрони

Врнежите кои паднаа во изминативе 24 часа дополнително ги зголемија нивоата кај сите водотеци и езера низ државата. На сите хидролошки станици од националната хидролошка мрежа има пораст на водостоите, а особени покачувања се бележат на горниот тек на Вардар кај Јегуновце и кај Скопје, на Треска кај Македонски Брод, на Црна кај Новаци и на Радика кај Бошков Мост.
Како што информира УХМР, сите водостои се со надпросечни вредности за овој дел од годината.
Од терен има информации за локални излевања на Вардар кај Рашче, на Крива Река и Пчиња во кумановскиот регион, на водотеци во Охридскиот и Битолскиот регион, а поради заситената почва со влага има и појава на заезерување во одредени рамници и делови на Пелагонија и Полог.
-Во однос на временската состојба, очекуваме сите водостои кај водотеците и езерата и натаму да бидат во покачување, а како најкритични ги посочуваме реките Вардар горен тек, Треска, Лепенец, Пчиња, Крива, Црна, Радика, Сатеска и нивните притоки. Во текот на денот очекуваме намалување на врнежите, но дококу има појава на интензивни врнежи на југот и југоистокот, се очекува продолжен пораст на водостојот и на водотеците од овој дел на државата и тоа на Брегалница, Струмица, Анска, Тркајна, Конска и нивните притоки, наведува УХМР и уште еднаш предупредува на внимателно движење покрај водотеците, суводолиците и во клисурите, поради можност од појава на големи води, излевања, свлечишта и одрони.
Ново на Сител
-

Teма на денот со Стојанче Ангелов
-

Експертите сугерираат: Да не се кратат капиталните расходи, да се зголеми наплатата на приходи
-

Проф. Атанасовски: Тоа не се коски на цар Самуил, па глупост е дека тој се враќа во Бугарија, кога таму никогаш и не бил
-

МПЦ слави празник на сите македонски светители и 40 години јубилеј од Архиерејската служба на поглаварот г.г Стефан
-

„Розев пикник појадок“ за кревање на свеста за ракот на дојка
-

Постојаните осцилации на езерото негативни за живиот свет
-

165 шумски пожари годинава, штетите проценети на 10 милиони евра
-

Каранфилова Пановска: Бараме дополнителни 10 денари за килограм ориз
