Сити не се откажува од титулата
Манчестер сити се врати на победите во Премиер лигата пред големото дерби на Манчестер овој викенд, совладувајќи уште еден близок сосед, Барнли на гости со 4:1 инспирирани од Габриел Жесус.
Бразилецот, кој подолго време се жалеше за шансите кои ги добива од Пеп Гвардиола, ја оправда довербата на „Турф мур“, постигнувајќи прекрасен гол во 24. минута за водство од 1:0. Бразилецот зголеми на 2:0 во 50. минута, пред Родри во 68. минута да зголеми на 0:3 и да спречи било каков обид за враќање на домаќините. Ријад Марез во 87. минута стави печат на победата, а Барнли преку Брејди успеаја да постигнат утешен гол.
Со триумфот, Сити се врати на второто место на табелата со 32 поени, колку што има и третиот Лестер (кој утре го пречекува фенерџијата Ватфорд), и осум поени зад главниот ривал за титулата Ливерпул на врвот, кој утре пак игра во Мерсисајд дербито со Евертон.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата