Ситуацијата во Персискиот Залив ги спушти цените на нафтата под 71 долар за барел

Цените на нафтата вчера на меѓународните пазари се спуштија под 71 долар за барел, со навестувања за натпревар меѓу производителите во Персискиот Залив до купувачите во услови на постепена нормализација на транзитот низ Ормуската Теснина.
Барелот на пазарот во Лондон вчера попладне се тргуваше за 78 центи пониско од вчерашната цена на затворање од 70,79 долари. На американскиот пазар, беше поевтин за 90 центи и чинеше 67,68 долари.
Расположението на пазарите оваа недела беше обележано со навестувања за постепена нормализација на транзитот низ Ормуската Теснина.
„Сауди Арамко“ минатиот петок го продолжи товарењето на терминалот Рас Танура во Персискиот Залив, додека САД и Иран поставија рамка за преговори за завршување на војната.
Најмалку пет супертанкери со 10 милиони барели нафта што му припаѓаат на саудискиот нафтен гигант „Сауди Арамко“ испловија од пристаништето Рас Танура и ја преминаа Ормуската Теснина кон Оманскиот Залив, потсетуваат британските медиуми, повикувајќи се на неименувани извори и поморски податоци.
Уште четири супертанкери од класата VLCC се во близина на Рас Танура, при што три чекаат товарење, а четвртиот веќе е натоварен до полн капацитет, покажуваат податоците.
Саудискиот гигант ги следи другите производители во регионот кои веќе започнаа со испораки преку Ормуз и ги намалија цените за јули и август, по пресметката дека САД и Иран постигнале напредок во преговорите, но и дека повеќето рафинерии веќе стекнале доволно нафта за периодот до август.
Во такви услови, „Сауди Арамко“, со барели испорачани од флотата танкери Бахри, им сигнализираше на азиските купувачи флексибилност во цените и прилагодување кон краткорочната побарувачка и трендовите на физичкиот пазар, откривајќи сè пожестока конкуренција меѓу добавувачите, соопштија неколку извори во трговските кругови.
Официјалната цена за август ќе биде значително намалена, шпекулираат трговците. Извори од нафтениот сектор проценија минатиот петок во анкета на Ројтерс дека може да се намали од 6,50 до 8,80 долари.
МИА
Ново на Сител
-

Крај на петмесечната политичка криза: Романскиот парламент му изгласа доверба на кабинетот на Лука Никулеску
-

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
-

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
-

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
-

По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
-

Маж следел, па потоа допирал по телото 22-годишна девојка во Карпош
-

17-годишник со нож повредил 15-годишник на Бит Пазар
-

Тешко повредено шестгодишно дете кое се возело како сопатник на тротинет откако во нив удрил автомобил
