-->
-->
Скадар пулсира во ритамот на фудбалот
-->

Тоа е добро се создава атмосфера која може да значи многу и за нашиот тим кој во своите редови има искусни интернационалци на чело со капитенот Горан Пандев.
Средбата во Скадар ќе се одигра на новиот стадион Лоро Боричи. Се очекува трибините да бидат исполнети до последното место или повече од 16 000 гледачи. Интересот е голем и цената на влезниците е до 60 евра.
За Македонија Скадар буди убави спомени. Пред десетина години во пријателски дуел Ристиќ донесе победа од 1-0. Потоа одигравме без голови во Прилеп и во Поградец. Можеби затоа и се прогнозираат малку голови на овој натпревар.
Селекторот Ангеловски вечерва во терминот од 20.45 часот ќе го одржи единствениот тренинг по кој ќе биде познат и составот со кој ќе настапиме против домашната Албанија. Претходно ќе се одржи и прес конференција за што повеќе информации во следните информативни емисии.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Дали има поврзаност на убиствата во кумановско?
-

Кој е за, а кој против членство во ЕУ без право на глас?
-

СДСМ: Контроверзен конзул во Србија
-

Денеска се чествува Св. Ѓорѓи Кратовски, симбол на пожртвуваноста за христијанството
-

Два големи јубилеја во Прилеп - 100 години „Прилепски мечкари“ и 25 години Карневал Прочка
-

Карневалски спектакл во Струмица
-

Марш во чест на Борис Трајковски
-

Со видео надзор ќе се решава проблемот со дивите депонии
