Свет
9. November 2016 - 15:00

Скаменети лица, солзи, шок и неверување - Подржувачите на Клинтон не беа подготвени за ова

Во изборниот штаб на Хилати Клинтон скаменети лица, солзи, шок и неверување.

Како што јави репортерката на CNN од самото место, ситуацијата се променила само за неколку часа, од еуфорија до гробна тишина.

Поранешната државна секретарка и прва дама беше голем фаворит за убедлива победа на изборите, така барем им се чинеше на нејзините гласачи.