-->
-->
Скандал: Руската атлетика „предрогирана“!!!
-->
Светската антидопинг агенција (WADA) побара Русија да биде суспендирана од сите атлетски натпреварувања и да биде затворена нејзината лабораторија за допинг тестови.
WADA ги истражила обвинувањата дека руските атлетичари вршеле потпук на официјални лица за да им набавуваат забранети супстанци и да им ги лажираат резултатите од тестовите.
Во извештајот се наведува дека корупција имало и во Светската атлетска федерација (IAAF), која овозможила тоа да мине неказнето, односно дека IAAF со „системски пропусти“ спречила ефикасна антидопинг програма и се додава дека ОИ во 2012 година биле „саботирани“ што не било реагирано на руските атлетичари за кои постоел сомнеж дека се допингувани.
Исто така, во извештајот се наведува дека пет атлетичари и пет тренери би требало да бидат доживотно суспендирано.
Наводите во извештајот говорат дека директорот на руската лабораторија Григориј Родченко наредил уништување на 1.417 примероци за допинг контрола и тоа три дена пред тимот на WADA да пристигне во Москва.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Алтернативните форми на туризам се поактуелни на туристичкиот пазар
-
Тема на денот со Павле Воскопулос - „Виножито“
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски се поблиску до 2/3 мнозинство во собранието
-
Официјална Атина продолжува да предупредува за непочитување на Преспанскиот договор
-
Детектор: Членството во НАТО ни ја зголеми безбедноста, но не го забрза патот до ЕУ
-
Јавен обвинител ќе го истражува хаосот со хирушките сали на Клинички
-
Лицата со дијабетес бараат референтни цени, а не тендери за инсулин и дијабетични помагала