-->
-->
Скандалозна изјава на рок ѕвезда: Самата сум виновна што ме силуваа
-->

Рок ѕвездата Криси Хајнд тврди дека силувањето, кое го преживеала како девојка на 21 година било „нејзина вина“ и оцени дека жените „мора да ја преземат одговорноста доколку провокативно се облекуваат“.
Нејзините коментари предизвикаа во британската јавност нова дебата за „улогата“ на жената во сексуалните напади, а Хајнд тврди дека не може да обвини никого поради тоа што била силувана од моторџиска банда.
Во интервју за „Сандеј тајмс“, кое го даде по повод излегувањето на автобиографијата „Reckless“, пејачката на бендот „The Pretenders“ изјави дека жените требаа да очекуваат несакано внимание, доколку се однесуваат на одреден начин или носат одреден вид на облека.
- Доколку сум во долна облека и пијана? Кој друг може да е виновен? Бев наивна! Ако шетам и пристојно сум облечена и ја гледам својата работа, а некој ме нападне, тогаш можам да кажам дека тоа е негова вина, вели Хајнд.
- Доколку не сакаш да го предизвикаш непријателот немој да носиш високи штикли, бидејќи во нив не можеш да му побегнеш. Доколку носиш нешто што вреска „дојди и из... ме, тогаш биди сигурна на своите нозе. Мислам дека сега не зборувам ништо контроверзно, додаде таа.
Хајнд алудираше на поглавјето од својата автобиографија, каде пишува како мотоциклистичка банда од Охајо ја силувала кога имала 21 година и кога користела дроги. Хајнд го прифатила повикот за забава, но наместо тоа е одвезена во напуштена куќа, каде е принудувана на секс.
Музичарката, која живее во Лондон, на критиките на феминистките одговори дека многу жени, кои себе се нарекуваат феминистки всушност тоа не се. Таа како пример ги издвоила современите поп ѕвезди, кои како што рече се облечени како порно ѕвезди.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нетанјаху: За непријателите на Израел нема имунитет
-

СВР Струмица со повеќе активности го одбележа 7 Мај – Денот на македонската полиција
-

Шеснаесет возачи возеле без дозвола, кај еден од возачите пронајдена марихуана, а возач од Тетово возел со 1,46 промили алкохол
-

Дваесетгодишна државјанка на Турција е пронајдена почината во стан, потврдија од СВР Штип
-

Андоновски: Дигитализацијата е алатка за поконкурентна економија
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители
-

Научник за само еден месец изел 720 јајца
-

Мицкоски: Наскоро ново проширување на лекови од позитивната листа
