Склучување договори за огревно дрво во Крива Паланка

Во тек е склучување договори за огревно и техничко дрво за грејна сезона 2017 согласно со јавниот повик на Јавното претпријатие „Македонски шуми“. Од Подрачното шумско стопанство „Осогово“ Крива Паланка ги повикаа жителите на Крива Паланка и Ранковце навреме да склучат договор и да се снабдат со дрва.
- По цена од 2.371 денар за метар просторен дабово дрво граѓаните од двете општини можат да се снабдат со огревно дрво за следната грејна сезона. Договорите може да се склучат за плаќање во готово или најмногу на шест рати, а ќе се потпишуваат заклучно со 31 март годинава, изјави Весна Митровска, директор на ПШС „Осогово“, Крива Паланка.
Купопродажните договори може да ги склучуваат правни и физички лица.
- Побарувачката на дрва сезонава е во пораст, голем број физички лица веќе склучија договори, а интерес има и кај приватниците, сопственици на дуќани, приватни здравствени ординации, фризерски дуќани, како и останати фирми кои го користат како ресурс дрвото, а тоа се фурни, бурекчилници и сл. Испораката на огревно дрво ќе се врши по исплаќањето на целата сума предвидена со договорот, по редослед на уплата, додава Митровска.
Информира дека вршат и транспорт на дрвата, од склад до краен потрошувач, зависно до барањата на купувачите.
- Поради екстремно ниските температури кои ја зафатија државата, зголемена е и побарувачката на дрво за огрев периодов, а ние во нашите складови имаме резервни количини багремови сеченици кои граѓаните можат да ги купат по цена од 1.800 денари за метар просторен, рече Митровска.
Ново на Сител
-

Трамп имал „многу добри разговори“ со Путин, очекува брз крај на војните во Иран и во Украина
-

ПМФЛ: Вардар сигурен против Тиквеш, Пелистер победи во Струмица
-

Кој е човекот што пукаше на гала вечерата на Трамп со дописниците од Белата куќа
-

Кениецот Саве прв истрча маратон под два часа
-

Четворица малолетници ограбиле маркет во ГТЦ, при претрес пронајдени нож и електрошок
-

Маж од кичевско додека возел се пожалил на болка во градите, излетал од патот и починал
-

74-годишна жена паднала при нагло кочење на автобус во кој се возела и тешко се повредила
-

Контрола на полицијата на патниот сообраќај во неколку општини, уапсено едно лице, изречени 12 мерки
