Македонија
22. November 2022 - 12:37

Скопјанец изработил лажна платежна картичка и со неа си плаќал на различни места

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Т.К.(30) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изработка и употреба на лажна платежна картичка" по член 274-б од Кривичниот законик.

Во текот на 2021 и 2022 година, пријавениот обезбедил банкарски податоци од вистинска платежна картичка, сопственост на лице од Скопје, по што ги употребил за вршење на 13 неовластени трансакции за купување/плаќање на разни услуги во вкупна вредност од 18.377 денари и за тој износ го оштетил  сопственикот на платежната картичка.